Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски преку Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија за Кочани

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените.

Очигледно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори. 

Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е целосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на членови и делокругот за работа, на самата седница на којашто ќе се одлучува по одлуката за формирање на Анкетната комисија да се утврдат членовите и составот на анкетната комисија.

Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата.

СДСМ ќе ги искористи сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани. 

Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, какви се прекршувањата на законските одредби, како и тоа кој треба да понесе политичката одговорност.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Моќен циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег