Утрински Весник
Скопје

Ивановски: Железничката станица Скопје ќе добие современ лик како што заслужува модерна станица

Zheleznichka stanicza.webp.webp

Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на рекламните паноа. 

” Инфраструктура Железница заедно со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет започнавме со проект за поектирање за целосна реконструкција на железничката станица Скопје и внатрешно и надворешно. Ќе се реконструира комплетно со нова електрика, комунална инфраструктура, машински дел, а надворешно ќе биде запазен оној првичен изглед од Кензо Танге со имплементација на нови современи елементи. Овој проект треба да биде готов за година и половина до две од денеска и потоа ќе бараме финансирање за да се реализира ова. Но што до тогаш? Започнавме акција за отстранување на сите билборди што ја грдат самата станица. Дел се постоечки, дел се пред дваесетина години. Потоа имаме една голема акција да ги отстраниме сите графити, сите постери и да ја вратиме првичната боја на столбовите и да го запазиме првичниот изглед без овие графити постери итн”- вели Ивановски

Можете да прочитате

Град Скопје со 70.000 евра ќе го предновогодишно ќе го кити центарот

Без струја денеска една улица во општина Центар

Град Скопје распиша тендер за вработувањет хонорарци преку авторска агенција