Утрински Весник
Македонија

Јошевска Анастасовска: Утврдување на вистината или стигнување до вистината

455075775 10233705060356833 4099656362978655463 n.jpg

Фејсбук објава на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска:

Кога во 2010 беше донесен новиот Закон за кривична постапка, законодавецот го приоретизираше фер-постапувањето и гарантирањето на правата на обвинителство и одбраната наспроти дотогашната улога на судот да делува како орган чија примарна задача е „утврдување на материјалната вистина“.

Оттука, 15 години подоцна ме изненадуваат формулации како онаа на судијата на почетокот на судењето за предметот Кочани, кога завршувајќи го почетното обраќање кон јавноста рече: „ќе стигнеме до вистината“.

Тоа можеби звучи како ситен јазичен испад, но во суштина може да ја збуни лаичката јавност и да ја промени стартната перцепција за улогата на одбраната па и на судот кој согласно закон, е во суштина неутрален арбитер во една фер „битка“ на докази и аргументи помеѓу државата и одбраната, а не некој вид „утврдувач на апсолутната вистина“. Ова е особено деликатно поради можните психолошки ефекти во јавноста која поради ваков вординг би можела да гледа на одбраната како на “непријател на вистината“, што го поттикнува стигматизирањето на бранителите и дополнително го нарушува перцепирањето на тоа- Која е целта на кривичната постапка?

За поздрав е обраќањето на судот на почетокот на судењето и сметам дека тоа е одличен начин судот да ја доближи неговата улога до јавноста, но при тоа очекувам судот јасно да артикулира дека целта на постапката не е „стигнување до апсолутната вистина“, туку овозможување фер, транспарентна и правно мотивирана постапка каде што обвинението ќе биде ценето од страна на судот според тоа дали е докажано „надвор од разумно сомневање“. Ако судот го објасни тоа јасно, јавноста можеби подобро ќе разбере зошто обвинетите имаат прво, право на бранител и второ, право да застапуваат аргументи спротивни на оние на обвинителството. Тоа не е затоа што се „непријатели на вистината”, туку затоа што само на тој начин е возможно да се провери дали обвинението е правно и фактички издржано.

Тонот на објаснувањето на судот никако не смее да личи дека одбраната ќе биде збир на лоши луѓе кои немаат осет за жртвите и оштетенете, но ете, што да се прави, мораме да им дадеме простор како на нужно зло, туку дека сите присутни во просторијата навистина сме заинтересирани да откриеме дали обвинението е правно издржано и дали според него може да се осуди.

Можете да прочитате

Двојно убиство ја потресе Хрватска

Премиера на Марјан Неќак во Словенија 

ДПИ не констатирано криење залихи на гориво на бензинските станици