Утрински Весник
Свет

Едно лице загина откако се урна индиски борбен авион на аеромитинг во Дубаи

20251121133436 big 730x400 45.webp.webp

Индиски борбен авион Тејас (Tejas), од домашно производство, се урна денеска на аеромитинг во Дубаи при што загина пилотот, соопштија индиските воздухопловни сили (ИАФ).

Ловецот летал на мала височина околу 14:15 часот по локално време пред да се урне и да експлодира. Снимка објавена од местото на настанот покажува црн чад како се крева зад оградената писта.

– Формирана е истражна комисија за да се утврди причината за несреќата, соопшти ИАФ.

Ова е втора позната несреќа со овој борбен авион, кој се напојува со мотори на General Electric и е клучен за напорите на Индија да ја модернизира својата флота на воздухопловни сили која главно се состои од руски и поранешни советски борбени авиони. Првото уривање се случи минатата година за време на вежба во Индија.

Несреќата се случи на последниот ден од најголемиот настан во авијациската индустрија на Блискиот Исток, кој почна во понеделникот.

Можете да прочитате

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план

Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре за да разговараат за Украина