Утрински Весник
Македонија

Отворено детско катче во КПУ Идризово

20251121170439 big 730x400 11 1.webp.webp

Kазнено-поправната установа Идризово, најголемиот затвор во Северна Македонија, доби посебно детско катче наменето за младите посетители и семејствата на осудените лица. Катчето, кое се наоѓа во просторијата за посети, како безбедна и топла средина која се користи во текот на семејните посети, денеска беше отворено од претставниците  на надлежните институции, Делегацијата на Европската Унија, како и на Советот на Европа.

Во неговото обраќање, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија потсети на последниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија, каде се истакнува постојаната потреба за подобрување на условите во затворите, особено во затворот Идризово, информираат од Канцеларијата на Советот на Европа.

– Подобрувањето на условите во затворите не е само барање во последниот извештај на Европската Комисија – тоа е одговорност на државата кон секое лице кое влегува во овие простории, вклучувајќи ги и децата. Ова ново катче е мал, но значаен чекор кон похуман систем каде се штити достоинството и каде семејните посети се побезбедни и полесно. Се надеваме дека ова ќе поттикне постојани напори за зголемување на стандардите во сите пенитенцијарни установи, изјави Нупнау

Можете да прочитате

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари

Фетаи на свечена академија по повод Денот на албанската азбука: Во чест на Конгресот во Битола и албанското културно наследство

Сиљановска-Давкова се сретна со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на Глобалниот совет за толеранција и мир