Утрински Весник
Македонија

Дождовите го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“

20250602122219 big 730x400 35.webp.webp

Дождовите присутни изминатите денови на дебарското сливно подрачје, го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“, во кое се влеваат реките Радика и Црн Дрим, со нивните притоки, што услови зголемување на нивото за два метра.

-Котата на Дебарско Езеро пред водениот бран, односно на 17. месецов беше 562,48 метри, со вкупен дотек од 40 кубни метри во секунда. Котата сега е 564,55 метри. Вкупниот дотек од 128,50 кубни метри вода во секунда од локален слив е 104,32 дополнително и дотек од ХЕ „Глобочица“ 24,19 кубни метри во секунда. Тоа значи дека има пораст од два метра за четири дена, со наврнати 95 литри на квадратен метар, изјавија за МИА од АД ЕСМ.

Водите од акумулацијата, ги користи ХЕ „Шпилје“, за производство на електрична енергија, има максимална кота е 580 метри надморска височина, и е со вкупен волумен од 506 милиони кубни метри вода.

-Погонската подготвеност на ХЕ „Шпилје“ е на највисоко ниво со сите три агрегати. Очекуваме врнежите кои ќе продолжат викендов дека нема да претставуваат никаков проблем за делумна преработка преку агрегатите и дел складирање во акумулацијата за понатамошниот период од грејната сезона, посочуваат од ЕСМ.

Хидроелектраната „Шпилје“ е дел од ХЕС „Црн Дрим“, во кој припаѓа и ХЕ „Глобочица“, во функција е ставена во 1969 година и годишно во просек во електросистемот испорачува по 272 гигават часови елетрична енергија.

Можете да прочитате

Подобра заштита за деца и преживеани од родово базирано насилство

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово