Утрински Весник
Спорт

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

20251120134901 big 730x400 58.webp.webp

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026.

Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска.

Нашата најдобра репрезентација доколку ја победи Данска, во последната пречка ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска. Македонија ќе гостува, дури и доколку обезбеди пласман во финалето на плеј-офот.

Италија – Северна Ирска
Велс – Босна и Херцеговина
Домаќин на финале: победникот од мечот Велс – Босна и Херцеговина

Украина – Шведска
Полска – Албанија
Домаќин на финале: победникот од мечот Украина – Шведска

Турција – Романија
Словачка – Косово
Домаќин на финале: победникот од мечот Словачка – Косово

Данска – Македонија
Чешка – Република Ирска
Домаќин на финале: победникот од мечот Чешка – Ирска

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 26 март, додека финалињата се на програмата на 31 март 2026.

Интерконтиненталниот бараж ќе се игра во Мексико, на стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Учествуваат шест репрезентации, во финалето ќе ги чекаат ДР Конго и Ирак.

ДР Конго ќе игра со победникот од натпреварот Нова Каледонија-Јамајка, а Иран ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам.

Досега пласман на СП изборија 42 репрезентации.

Од Европа, Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Шкотска, Австрија и Швајцарија ќе играат на Светското првенство следното лето.

Бранителот на титулата Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај се квалификуваа од Јужна Америка.

Австралија, Јужна Кореја, Иран, Јапонија, Јордан, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија се квалификуваа од Азиската зона.

Претставник на Океанија е Нов Зеланд, а од Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) се квалификуваа Панама, Курасао и Хаити, како и домаќините САД, Канада и Мексико.

Од Африка пласман на Мундијалот обезбедија Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Гана, Зелено’ртски Острови, Јужна Африка, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.

Можете да прочитате

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс