Утрински Весник
Балкан

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

20251120130323 big 730x400 47.webp.webp

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот на земјата, јави весникот „Коха диторе“.

До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово.

Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот Парламент.

Според косовскиот Устав, претседателот на земјата треба да распише избори, кои мора да бидат организирани во рок од 40 дена од денот на нивното објавување. 

Можете да прочитате

Специјалниот суд ја суспендира албанската вицепремиерка Балуку од должност и ѝ забрани напуштање на земјата

Младо лице уапсено поради пожарот во облакодерот „Вјесник“ во Загреб

Дијана Хрка повика на блокада на Белград