Утрински Весник
Македонија

Муцунски се сретна со Кос

Img 0695.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Еврокомесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

Можете да прочитате

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем

Пијан возач на 79 години возраст оштетил шест автомобили во центаеот на Охрид

Филипче: Образование, здравство и енергетиката – темелите на новата развојна политика на СДСМ