Утрински Весник
Македонија

Филипче ја заострува реториката кон ВМРО-ДПМНЕ

Venko f sdsm 3 1.jpg

На денешната прес-конференција лидерот на опозицијата Венко Филипче испрати пораки што недвојбено можат да се протолкуваат како засилување на реториката кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче децидно ги отфрли шпекулациите за наводен договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„„Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика во изминатиот период, сметам дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласови за година ипол, а тоа е третина од гласовите што ги добија пред година ипол, е заслуга во еден дел и на нашата опозициска реторика. Ние бевме тие кои што ги разобличуваа нивните лаги, нивната лажна реторика и нивниот лажен патриотизам. Ги откривме скандалите, коруптивните шеми, мрежата на договорени тендери за кои што, за жал, нема никаква реакција. Скандалите во АНБ, тешката партизација на институциите и ќе продолжиме така, како силна опозиција уште позасилено да работиме во следниот период” порача Филипче.

Иако кампањата и изборите завршија се чини дека Филипче не само што не престана, туку уште повеќе го интензивира критичкиот тон кон власта предводена од Мицкоски.

Како поткрепа на тоа може да се протолкува и „пецкањето“ на Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кој е вистински лидер во таа партија, дали Мицкоски или можеби тоа се уште е Никола Груевски кој според претседателот на СДСМ се уште управува со владејачката партија.

Дали Филипче ќе продолжи со острата реторика кон ВМРО-ДПМНЕ и натаму, ќе покаже периодот пред нас, односно расправата за Буџетот за 2026 кој е предвиден на рекорден износ од над 6.7 милијарди евра.

Можете да прочитате

Коцевски: Политиката да ги тргне рацете од „Пулс“ – сите обвинети мора да одговараат во една постапка

Муцунски се сретна со Кос

Македонската амбасада го одби, словенечкиот парламент го прими на пракса Mакедонецот Трајковски