Утрински Весник
Македонија

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

Text max 1199 600.jpg

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.

Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба – екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.

Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка”.

На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.

Овој случај силно нè потсетува дека:

Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување”.

Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.

Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.

Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.

Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Можете да прочитате

Филипче: Нечесните се намерите на ДПМНЕ, со барањата надзорни за други случаи сакаат да ја искривуваат вистината

Рубикон не виделе, не реагирале, не спречиле – над 600 гости, ниту една безбедносна контрола

Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс