Утрински Весник
Свет

Полска го крева нивото од закана по невидената саботажа на железничка пруга кон Украина

20251118154727 big 730x400 96.webp.webp

Полска ќе го зголеми нивото на закана на одредени железнички линии и воено ќе ја заштити клучната инфраструктура, објави денеска премиерот Доналд Туск откако беа оштетени шините на железничката пруга што води кон Украина.

„Шефот на агенцијата за внатрешна безбедност и министерот за внатрешни работи ме замолија да го воведам третото ниво на закана, Чарли, поради терористички закани“, изјави Туск пред парламентот.

„Одлуката ќе се однесува на одредени железнички линии, додека остатокот од земјата ќе остане под второто ниво на закана“.

Туск притоа денеска соопшти дека службите веќе идентификувала две лица одговорни за саботажата на нејзината железница, откривајќи дека станува збор за двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки агенции и избегале во Белорусија.

Портпаролот на полските специјални служби претходно денеска изјави дека сè укажува дека руските разузнавачки служби стојат зад саботажата на полската железница кон Украина.

Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин, која го поврзува главниот град со градот на украинската граница, следеше по серија палежи, саботажи и кибер напади во Полска и други европски земји.

Полската влада претпладнево одржа вонреден состанок на Советот за национална безбедност за инцидентот, на кој присуствуваа воени команданти, раководители на разузнавачки агенции и претставник на претседателот.

Можете да прочитате

Песков: Полска се заплетка во истрагата за саботажа на железницата, таму буи русофобијата

Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

Орбан: Дополнителна финансиска помош за Украина е како испраќање пакет вотка на алкохоличар