Утрински Весник
Скопје

Млади до 35 години добиваат ослободување од комуналии во Аеродром!

Nula komunalii.jpg

Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.

Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом.

Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата.

Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови:

  • Лица кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето;
  • Да се жители на Општина Аеродром најмалку (2) години;
  • Градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост;
  • Објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби.

Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет (10) години.

Ослободувањето од комуналии се однесува на:

  • Изградба на нова индивидуална куќа;
  • Доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување;
  • Надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом.

Аеродром е општина што расте, се развива и создава простор за нови приказни, а ова решение претставува реален поттик за младите да го започнат својот животен пат тука, со сигурност и доверба во подобро утре.

Можете да прочитате

Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка

Гадоначалникот Костовски затвори нелегално градилиште во Визбегово, истото ќе биде срушено

Димовски: Аеродром не може да живее од комуналии и милостина, треба развоен буџет