Утрински Весник
Македонија

Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

Laptop.jpg

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер“, велат од Владата.

„Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно.


850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите.

Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.

Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека пак подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година. Условите за аплицирањето се објавени на веб сајтот на Влада.

Линкот е јавно достапен и можат да аплицираат сите студенти: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi

Ги повикуваме студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено.

Владата продолжува посветено да реализира мерки за студентите.

Студентите се иднината на Македонија и наша обврска како Влада е да им обезбедиме пристојни услови за студирање преку низа на мерки кои значат квалитетно образование“, се наведува во соопштението на Владата.

Можете да прочитате

Се бира нов антикорупционер по оставката на Димитровска, интервјуирани петмина од кандидатите, другите петмина утре

Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции – тригодишен план за модернизација на 14 јавни згради

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи во средба со амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Софија Филипиду