Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: По неколку децении, почнуваме со целосна реконструкција на улицата Фрањо Клуз во Аеродром

Photo 2025 11 17 12 54 30.jpg

Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на уште еден значаен проект, информираат од Град Скопје.

-После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз” (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта”, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат. „Фрањо Клуз” е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани.


Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена. Денес ставаме крај на таа слика. Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива. Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи. Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого.

Ова е само почеток. Следуваат уште поголеми проекти за нашето Скопје. Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба. Скопје заслужува! – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Очекувам конструктивна соработка со Советот и во новиот мандат

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај

Во Скопје од денеска стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот