Утрински Весник
Македонија

Малолетник повреден со воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар додека ја разгледувале

Puska.jpg

На 16.11.2025 околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.

Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.


Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Шабани на конференцијата „MILCON 26″: Воената академија дава суштински придонес кон одбраната и безбедноста

Изминатото деноноќие приведени 10 лица фатени со дрога

Ален Милковски од Куманово е добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година