Утрински Весник
Македонија

Филипче: Власта врши притисок врз судството

Image 2025 11 17 130517333.png

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешеншана седница на Советот упати сериозни критики за состојбата во правосудството, посочувајќи дека Европската комисија јасно укажува на тоа дека независноста на судството во државата е нарушена и со тоа директно е загрозена неговата независност и кредибилитет.

„Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани со вмешување и притисок од други гранки на власта за притисок врз членовите на судскиот совет”, рече Филипче.


Филипче исто така  нагласи дека во извештајот Европската комисија се задржува на три клучни препораки кои Владата мора итно да ги исполни, а тоа се донесувањето на Закон за парнична постапка, согласно европското законодавство, закон кој се носи со двотретинско мнозинство и кој беше во Собраниска поставка во претходниот Собраниски состав и забрзана имплементација на стратегијата за реформи во судството.

Дополнително, тој предупреди дека Европската комисија бара и доследна примена и унапредување на АКМИС-системот за електронско управување со судските предмети, бидејќи токму транспарентното распределување на предметите е основен предуслов за независно судство.

„Нема напредок ниту во борбата против корупцијата, според Европската комисија таа станува доминантна во многу области и претставува предмет на сериозна загриженост. Јавното обвинителство треба да се зајакне кадровски во истражните центри и да ја подобри ефикасноста  на работата во случаите на висока корупција. Клучни препораки за борба против корупција”, рече Филипче.

Филипче зборуваше и за корупцијата која станува доминантна во многу области и претставува предмет на сериозна загриженост по што ги кажа и клучните препораки кои Европската комисија ги издвоји и кои македонското законодавство треба да ги донесе.

„Донесување на нов кривичен закон за ефикасна борба против корупцијата. Подобрување на имплементацијата на антикорупциска стратегија, споредување на препораките на Греко и соодветна подготовка на нова антикорупциска стратегија, 2026-2030 години. Понатаму, доволно човечки финансиски ресурси на јавното обвинителство и сите негови структури”, рече претседателот на Националниот совет за евроинтеграции.

На крајот, Филипче оцени дека пораките од извештајот се јасни и алармантни и тие кажуваат дека реформите за нашата држава се блокирани. Со ова, тој уште еднаш ги повика институциите да престанат со политички влијанија и да почнат со реални, суштински реформи во интерес на граѓаните и европската иднина на државата.

Можете да прочитате

Именувана нова директорка на Платежната агенција на местото на Стоилев

Сиљановска-Давкова: Ние да им се посветиме на реформите, а ЕУ да покаже јасна стратегија за македонското членство

Николоски од Виенскиот економски форум: Македонија ги започнува стратешките проекти на транспортните Коридори 8 и 10