Утрински Весник
Македонија

Родителите во паника: Полицијата затекна 25 пијани малолетници во угостителски објект!

991 Ratio Diskoteka.jpg

На 15/16.11.2025 во периодот од 22:00 до 2:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управа за јавни приходи, Трудова инспекција и Државна пазарна инспекција извршија акциска контрола во врска со точење на алкохол на малолетни лица. Притоа, во угостителски објект на улица „Борис Кидрич” во Тетово биле затекнати 25 малолетни лица над кои било извршено алкотестирање со дрегер и констатирано е дека сите 25 малолетници конзумирале алкохол, соопшти полицијата

Малолетниците се предадени на родителите, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против правното лице и против одговорното лице.


Извор: centar.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол