Утрински Весник
Свет

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства

Zaharova.webp.webp

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва не планира да го нападне НАТО, но предупреди дека на секој напад од Алијансата ќе одговори со сите достапни средства.

Таа коментирајќи ја изјавата на германски генерал за подготвеноста на НАТО за војна со Русија, истакна дека претставниците на Алијансата секојдневно водат „координирана кампања на психолошка подготовка на населението за судир, користејќи ја Русија како жртвено јагне за внатрешни проблеми“.


– Доколку меѓу стратезите на НАТО се појави таква луда идеја, напад врз нашата земја, тие не треба да се сомневаат дека ќе одговориме користејќи ги сите расположливи средства. Руското раководство редовно го ова го кажува, посочи Захарова.

Таа додаде дека „Русија е подготвена за секакво сценарио и секогаш дава приоритет на мирот, пријателството и еднаквата соработка“. 

Можете да прочитате

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната

Украина во март соборила над 33.000 дронови, што е месечен рекорд од почетокот на војната

Американскиот Сенат блокира обид на демократите да го спречат Трамп да преземе воена акција против Куба без одобрение од Конгресот