Утрински Весник
Македонија

15-годишно девојче вперува пушка кон својот 11-годишен брат, расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи

Image 2025 11 15 161205005.png

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.

Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат.


По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово