Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: ВМРО-ДПМНЕ си игра “SIX-SEVEN” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

Zabrcanec.jpg

Еди Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај, во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел” пишува поранешниот национален координатор, Марјан Забрчанец на социјалните мрежи.

Тој, во својата објава потсетува каде била државата пред 25 години, а каде сега, додавајќи дека пред нас е можеби последната шанса за ЕУ.


„И истите тие во исто време велат:

1) 25 години стоиме во место во евроинтеграциите

2) Македонија е понапред од Албанија во евроинтеграциите

Знаат ли да соберат 1 + 2 и знаат ли дека резултатот не е “six-seven”? Знаат ли каде беше Албанија во 2000-та?

Знаат ли дека Македонија во 2000-та немаше ни кандидатски статус? Знаат ли дека во меѓувреме станавме членка на НАТО? Знаат ли дека сме во момент 11:59 и дека сме веројатно пред последната шасна за подобра европска Македонија? Не знаат или си играат мајтап?“ пишува Забрчанец.

Можете да прочитате

Support Kocani ја подели четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари

Лога си замина од Алијанса за Албанците

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД