Утрински Весник
Балкан

Млад возач со голема брзина влета во пешаци во Белград, две жени повредени

1763124979 banjica pet solitera nesreca 141125 foto filip kraincanic nova rs 5 1024x683 1.jpg

Млад возач управувајќи со голема брзина изгубил контрола врз автомобилот и влетал во група пешаци во белградската населба Бањица.

Според српските медиуми, две лица се пренесени во Ургентниот центар, а очевидци за порталот Нова.рс ја опишале драматичната ситуација.


„Возачот беше доста млад. Автомобилот се движеше со голема брзина. Возачот на другиот автомобил се обиде да сврти таму, а потоа овој автомобил се најде меѓу нас. Се упати право кон мене, јас избегнав, но удри во друга жена. Таа беше заробена под автомобилот“, изјави една сведока.

На местото на инцидентот се присутни и припадници на Армијата, бидејќи возачот при ударот ја оштетил оградата на воен објект, јавува Нова.рс.

Совозачот кој бил во возилото што се заби во пешаците ја објасни настанатата ситуација:

„Друг автомобил правеше полукружно свртување. Мислевме дека ќе поминеме. Тој автомобил се лизна. За да го избегнеме, излетавме од патот. Потоа удривме во тротоарот. Две жени беа повредени, но ние останавме тука. Возачот кој правеше полукружно свртување избега. Мојот пријател е на Военомедицинската академија“, изјави младиот човек.

Случајот го истражува полицијата.

Можете да прочитате

Авион се урна во Србија, едно лице загина

Мицотакис: Најдобриот одговор на поскапувањето е трајното зголемување на приходите

Во хрватскиот град Сисак исчезнати тројца малолетници