
Во општина Аеродром денес започна опсежната акција за воспоставување ред и ослободување на јавните површини од нелегални објекти кој екипата на 24инфо е на лице место.
Прв на списокот беше поранешниот локал „Дежаву“ кај Капитол Мол, кој со години се наоѓаше на место идентификувано како дивоградба и незаконска узурпација на јавен простор.
Рано утрово, механизацијата пристигна на терен, а објектот беше целосно урнат во координација со инспекциските служби. Според документацијата, станува збор за конструкција без одобрение за градба, поставена на општинска површина наменета за пешачки и јавни содржини.
Општина Аеродром претпоставуваме дека ќе продолжува и на други локации каде се утврдени нерегуларности, со цел постепено отстранување на сите дивоградби што го нарушуваат урбанистичкиот поредок во општината.
Жителите во околината го поздравуваат потегот на општината и коментираат дека расчистувањето било неопходно и дека јавниот простор долго време бил блокиран со нелегални објекти.
Со денешното уривање, започна фазата од акција чија цел е враќање на уредениот изглед на општината и ослободување на површините наменети за граѓаните.


