Утрински Весник
Економија

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Sobranie.webp.webp

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани. 

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари  или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 28 октомври прес-конференцијата во Владата кога го презентираше Предлог-буџетот посочи дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација. 

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна тогаш Димитриска-Кочоска.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Можете да прочитате

Власта веднаш да ги намали цените на горивата, бара СДСМ

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви