Утрински Весник
Македонија

Филипче: Скандалот со ИПРАД потврди дека мрежите на корупција одат до врвот на власта на Мицкоски

Venko f sdsm 1.jpg

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека скандалот со ИПАРД програма го потврди се она што СДСМ го говореше во изминатите 15 месеци а во однос на  корумпираноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ.


„Ова е штета од речиси 130 милиони евра. Досега се склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои се исплатени само 10 милиони. Во моментот над 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра се директно погодени, уште 30 милиони евра во нови проекти се стопирани. И владата, нормално, сето ова го крие, не сака да го коментира. Ова е скандал што го потврдува тоа што го зборевме изминатите 15 месеци, дека оваа власт е длабоко корумпирана и целиот систем е зафатен од мрежи на корупција контролирани од врвот на ВМРО-ДПМНЕ”, рече Филипче.

Овој скандал, како што кажа Филипче, е на штета на земјоделците кои вложиле, кои имаат проекти и чекаат финансиска поддршка, додавјќи дека власта генерално не покажа никаков интерес за развој на земјоделството и поддршка на земјоделците.

„Сето ова во овој сектор оди на директна штета на нашите земјоделци, кои од  оваа власт се практично уништени. Поради тоа што не е само ИПАРД, тука се ниски откупни цени, ниски субвенции и сега дополнително кратење на средствата од ИПАРД поради корупција. Ова е срам пред Европа за нашата земја”, рече Филипче.

При тоа, Филипче додаде дека скандалот со ИПАРД открива и друга димензија, а тоа е злоупотреби и уцени на земјоделците.

„Очигледно е дека земјоделците се и биле под постојан притисок на уцени и корупција за секоја работа која што требало да ја завршат во институциите,  и ова е едноставно скандалозно и понижувачки”, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Ќе плаќаме повеќе за нарачките од „Тему“?! – Предлог Законот за ДДВ го мина првиот филтер

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

Беџети: Нема да ме исплашите со нарачани и фабрикувани кривични пријави