Утрински Весник
Македонија

Црвен крст ја одбележува неделата на стари лица

Bazar 2.jpg

Црвен крст на град Скопје, во периодот од 17 до 23 ноември, ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. Активностите се реализираат преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови”.

Во рамките на оваа недела ќе се спроведуваат повеќе хуманитарни, едукативни и рекреативни активности, меѓу кои:


•          информативни пунктови со мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје – автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај;

•          хуманитарен есенски базар во Веро Центар;

•          посета на Противпожарната станица Скопје – Автокоманда;

•          хуманитарна изложба во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин”;

•          предавања во дневните центри за правата од социјална заштита кај старите лица;

•          екс-ју забава со корисниците од дневните центри;

•          донација на суплементи за лицата кои се опфатени со услугата помош во домашни услови;

•          натпреварувачки и забавни игри во дневните центри;

•          и посета на изложбата „Мементо”, составена од лични предмети и приказни на комшиите, организирана од здружението „КомшиLOOK”.

Овој сервис е поддржан од Град Скопје, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Албиз фондација.

Целта на социјалната услуга е развивање на вон-институционални форми на грижа за старите лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата месечно се опфаќаат над 1.500 лица, корисници на дневните центри за стари лица

Можете да прочитате

Апсења на повеќе локации низ Скопје: Приведени девет лица

Падна инспектор: Запалил службен материјал во буре, по што ќе изгорела цела полициска станица

Филипче: Државата тоне во секој поглед, а власта се занимава само со СДСМ