Утрински Весник
Балкан

Албанија блокираше увоз на 75 тони пченица од Србија

Albanija srpska pcenka.png

Албанската национална агенција за храна (АКУ) во Скадар повторно блокираше значителна количина пченка увезена од Србија.Овој пат станува збор за околу 75 тони пченка, блокирана на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, со цел да се спроведат лабораториски анализи.

Само пред неколку дена, од истиот извозник, блокирани беа 25 тони пченка, со што вкупната блокирана количина досега достигна 100 тони, објавија медиумите повикувајќи се на соопштение на Агенцијата.


Според АКУ, за време на лабораториските тестови на првата количина пронајдено е присуството на афлатоксин Б1 над дозволените норми за Албанија.

Иако оваа количина може да се смета за прифатлива во земјите од Европска Унија, албанските стандарди се построги и не дозволуваат влез на овој производ на пазарот.

Во меѓувреме, властите блокирале и фарма во селото Труш, откако системот за следење открил дека таа била снабдувана со пченка за добиток од субјектот чија испорака е забранета

Можете да прочитате

Дијана Хрка излезе од болница и продолжува со штрајкот со глад

На 17 ноември меѓувладина конференција Албанија и ЕУ

Дијана Хрка примена во клиника по 10 дена штрајк со глад пред Собранието на Србија