Утрински Весник
Македонија

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

20251112155017 big 730x400 96.webp.webp

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство.

-Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе бидат надополнети и со дигитализација како фундаментален и сеопфатен процес на реформа на здравствениот систем – рече министерот Алиу.


Целта на овие реформи е да се унапредат здравствените политики, да се подобри пристапот до здравствени услуги поблиску до местото на живеење, како и да се зајакне превентивната здравствена заштита.

На состанокот се разговараше околу можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси.

Можете да прочитате

ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице