Утрински Весник
Балкан

Пукање кај аеродромот во Тирана: Убиен едно лице напаѓачите го запалиле возилото при бегството

Pukanje vo rinas 1024x587 1.png

Едно лице е убиено, а друго е тешко рането во пукотница што денеска околу 14:20 часот се случи на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана.

Според „Бота Сот“, напаѓачите пукале од „Тојота Јарис“ кон „Мерцедес“ во кој се наоѓале Г.Д. (47) и М.Ш. (40). По нападот, возилото на напаѓачите било пронајдено запалено во близина на Фуш-Круја, што укажува на внимателно планирана акција.


Г.Д. починал на лице место, додека М.Ш. е пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба под медицински надзор.

Албанските медиуми објавуваат дека убиениот е Гилмано Дани, близок соработник и довереник на Емилијан Сулази – едно од најпознатите имиња во албанското подземје, поврзан со изнуда, трговија со дрога и насилство во Тирана и Драч.

На видео материјали што ги објави „Топ Ченел“ се гледа како граѓани и полицајци се обидуваат да го искршат прозорецот на возилото за да стигнат до жртвите.

Полицијата го опколила целиот регион и воспоставила контроли на повеќе локации, но засега нема информации за идентификација или апсење на сторителите. Истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Лажни дипломи во Црна Гора: Поднесени 66 обвиненија, експертите предупредуваат на „селективна правда“

Грција истражува криминална шема со учество на Бугарија за увоз на половни автомобили

Дијана Хрка одбила лекарски преглед, нејзината состојба се влошува по 11 дена штрајк со глад