Утрински Весник
Македонија

Се бара решение за 550-те вработени во „Лукоил“ – Македонија

Lukoil.jpeg

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на „Лукоил“ – Македонија и дека може да снабдува деривати од други земји.


– Имав средба со претставникот на „Лукоил“ – Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, „Лукиол“ може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии – рече Бислимоски.

„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари.

Можете да прочитате

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави

Крмов: ВМРО – ДПМНЕ бара консензус, СДСМ и ги врза рацете на опозицијата, а државата живее на кредит за кредит