Утрински Весник
Скопје

Аеродром прва општина со „Фискална едукација“ во училиштата

Fiskalna edukacija2.jpg

Во Општина Аеродром започнува имплементацијата на проектот „Фискална едукација“, со што таа станува прва општина во државата што ја воведува оваа едукативна програма во наставниот процес во рамките на основните училишта.

Проектот денеска од ООУ „Браќа Миладиновци“ го најавија градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска.


„Фискална едукација“ има цел да им ги приближи на учениците основните принципи на финансиската и на даночната култура преку практични примери, работилници и интерактивни активности.

Новата програма ќе ги учи младите како функционираат јавните финансии, зошто е важно редовното плаќање даноци и како одговорно се управува со парите.

Со оваа иницијатива се поттикнува создавање одговорни, свесни и финансиски писмени генерации коишто ќе научат дека финансиската култура е суштински дел од личниот и општествениот развој.

Општина Аеродром, како пионер во овој процес, уште еднаш го потврдува својот фокус на современо, применливо и квалитетно образование што ги подготвува учениците за предизвиците на иднината.

Можете да прочитате

Почна изградбата на мегапаркот во Бутел

Герасимовски: Центар е лидер во дигитализација

Герасимовски: Хуманитарен базар „Симит и погача” во Дебар Маало , заедно да го прославиме 13 Ноември со хуманост и сплотеност