Утрински Весник
Свет

САД планираат да изградат голема воена база на границата помеѓу Израел и Појасот Газа

W 2.webp.webp

– Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот.

Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа.


Според весникот, иако сите детали за овој план сè уште не се познати, можно е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе да се согласил со идејата, но најверојатно не ги информирал сите релевантни израелски власти, вклучително и Израелските одбранбени сили.

На почетокот од месецот во Кирјат Гат функционира американски Цивилно-воен координативен центар, каде можат да бидат сместени неколку стотици американски и сојузнички војници и службеници, неговата примарна цел е координација помеѓу меѓународните, хуманитарните и воените организации, а не директна акција на терен.

Можете да прочитате

Хаос во Париз: Маж со два кујнски ножа нападнал три жени, две се сериозно повредени

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина