Утрински Весник
Македонија

15-годишник со Голф се судрил со Пасат: Повредени шест лица кај Кондово, меѓу нив и двегодишно девојче

Policija.webp.webp

На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф”, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат”, констатирани во Градската општа болница „8 Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица

Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!