Утрински Весник
Скопје

Призма: Казни за новинари, молк за владините снимки со нерегистриран дрон

Akcija za cistenje parking b trajkovski 2025.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави истражувачкиот портал „Призма“, повикувајќи се на јавно достапните податоци на институцијата.

Според важечките правила, секое летало што лета на македонското небо мора да биде претходно регистрирано, а летот најавен во системот. Меѓутоа, вечерта на 6 ноември, кога започна акцијата за чистење пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, во системот немало најавен лет на таа локација, ниту во следните денови кога беа објавени снимките.


Како што наведува „Призма“, панорамските кадри прв ги објави премиерот Христијан Мицкоски на својата официјална страница на Фејсбук, а потоа и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со нови фотографии и видеа направени со дрон.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојановски, за „Призма“ изјавил дека институцијата нема техничка можност да провери подоцна дали летот бил изведен легално, бидејќи контролите може да се вршат само додека летот трае.

Случајот, според порталот, отвора прашања за двојни аршини во примената на правилата – потсетувајќи дека во март новинари на „Ројтерс“ и ТВ21 биле повикани во полиција затоа што снимале со дрон за време на протест во Скопје, иако тогашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека „правилата мора да важат за сите“.

Иако Законот за воздухопловство предвидува казни за секој лет без дозвола, институциите засега не најавуваат постапка во случајот со владините снимки, пишува „Призма“.

Целиот текст на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски ја посети СВР Скопје и дежурните служби

Стефковски со благодарност до дежурните служби за новогодишната ноќ

Празнично работно време на шалтерите на Водовод