Утрински Весник
Македонија

Антициклон: Ни следуваат стабилни и суви денови, по котлините ќе има магла

Gfs 0 54.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде  и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз  и на слана.


Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје  и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.

Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините  и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува  и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде  и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините  и по речните долини.

Можете да прочитате

„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет” – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен

Дурмиши: Нови дигитални алатки и посилна инспекција за заштита на работниците 

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма