Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста

20251110181400 big 730x400 3.webp.webp

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“).

Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере министрите, високите владини претставници, меѓународните партнери и експертите за безбедност од целиот Западен Балкан и Европа за да разговараат за заедничките безбедносни предизвици, регионалната соработка и обновата на довербата и отпорноста.


Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ, заменик-претседател на Владата на Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, заменик-генерален директор за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Италија Стефано Гамбакурта и амбасадорот на Италија во Северна Македонија Паоло Палминтери.

Како што посочуваат од РСС, дводневниот настан ќе вклучи дискусии на високо ниво за придонесот на Западен Балкан кон побезбедна Европа, обновувањето на довербата во институциите и отпорноста, зајакнувањето на регионалната соработка во справувањето со организираниот криминал, корупцијата, миграциите, родово-базираното насилство по транзитните рути, како и сајбер и хибридните закани.

Можете да прочитате

Дурмиши: Нови дигитални алатки и посилна инспекција за заштита на работниците 

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Фетаи: На местото на Изет Меџити во Владата треба да дојде Беким Сали