Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Решен сум да воведам ред во Скопје

Befunky 2025 10 1 20 38 57.jpg

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е решен да воведе ред во главниот град и дека тоа подразбира изрекување казни за девијантните појави. По 72-часовна акција за чистење, досега се изречени над 40 казни, а процесот ќе продолжи сè додека проблемите не бидат целосно отстранети.

„Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде, без разлика од кого е предизвикан проблемот, да се најде брзо решение“, рече Ѓорѓиевски.


Градоначалникот информираше дека ЈП Комунална хигиена сега располага со над 40 оперативни машини, со очекување бројот да се зголеми на околу 60, и дека е во тек обезбедување нови возила.

Во рамки на заштитата на реката Вардар, во соработка со општествено одговорни компании ќе бидат поставени мрежи за заштита на коритото, додаде Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека и централните институции ќе мора да се вклучат во санкционирањето, бидејќи казнувањето не може да зависи само од Градот.

Градските планови за наредниот период вклучуваат:

Средување паркови и чистење на депониите, додека градежните работи ќе се вршат по зимата.
Решавање на проблемот со загадувањето преку проширување на топлификацијата и преработка на отпадот во Дрисла.
Обнова на возниот парк на ЈСП: во март се очекуваат 80 еколошки автобуси за Скопје, и уште 70 за другите градови.
Ѓорѓиевски истакна дека ЈП Комунална хигиена може да се расформира и да се подели во ингеренции на општините, но тоа ќе биде можно откако ќе се зајакнат капацитетите, за да се избегне дополнителен хаос.

Можете да прочитате

Центарот на Скопје затрупан со ѓубре

Ѓорѓиевски: Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно

Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони