Утрински Весник
Македонија

Социјалните работници повторно таргет: Жена со дрвен предмет пробала да нападне вработен

Mvr Policija 4.jpg

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од Кратово поради сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Инцидентот се случил на 3 октомври 2025 година, кога пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ во Кратово. Таа исто така упатувала закани кон други вработени додека извршувале свои работни задачи.


Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи