Утрински Весник
Свет

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Трут соушл.

Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА.

Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на огромниот државен долг.

– Луѓето кои се против царините се будали – напиша тој, додавајќи дека Соединетите Држави се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс.“

Американскиот претседател и претходно ја спомена идејата за исплата на пари на граѓаните, но тогаш не ја реализираше.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона