Утрински Весник
Македонија

Велес: Со „мерцедес“ излетал од пат и се забил во дрво

Soobrakajka.jpg

Вчера во СВР Велес e пријавено дека околу 09:35 часот, на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“, управувано од А.П.(47) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Гори бандера зад гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово – пожарникарите позајмувале ПП апарати од возила

Казнет возачот кој со возило се движеше по пешачката патека покрај Вардар

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на „братучедот“, а богами и непрописно паркира