
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(55) и М.Ц.(30), двајцата од Охрид, , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба.
При претрес во домот на С.К. извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа опаковки со марихуана и кокаин, како и други предмети со остатоци од дрога.



