Утрински Весник
Македонија

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

Dozd.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)  информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво.

Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе изнесува 15 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен