Утрински Весник
Магазин

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

1234.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови – до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на таа позната личност.

Системот вклучува 634.000 парцели, но да се биде погребан во близина на иконскиот американски музичар и поет Џим Морисон или познатата француска писателка Симон де Бовоар – досега беше само сон, бидејќи историските гробишта се полни од почетокот на 20 век. Сепак, овие места, поради својата историска вредност, не смеат да бидат уништени, па затоа, Градското собрание на Париз нуди 30 места и споменици на лотарија: 10 во „Пер Лашез“, 10 во „Монпарнас“ и 10 плацеви во „Монмартр“. Условот е да се реставрира соодветниот историски споменик.

– Како знак на интерес, првите 24 часа имавме 1.000 кликања на формуларите за аплицирање. Доколку не се исполнат условите за реставрација и купување, продажбата на споменикот се откажува, а купувачот ја губи својата инвестиција, изјави Пол Симондон, заменик на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, задолжен за погребни прашања.

Кандидатите притоа, мора „да имаат сертификати од специјализирани компании за сечење камен за да покажат дека се свесни за трошоците за реновирањето“, за да нема изненадувања, се вели во изјавата.

Механизмот за реставрација им овозможува на семејствата да предвидат купување на место за погребување во рамките на градот за првпат, според Симондон. Оваа лотарија – прва од ваков вид, е тест, а Градскиот совет размислува за проширување на програмата – со што до израз ќе дојдат и „еколошките придобивки“ од овој потфат.

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk