Утрински Весник
Македонија

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество

Bugarija makedonija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа.

– За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба – соопшти македонскиот тим во Комисијата.

На средбата бил потпишан записникот од 31. средба и продолжило усогласувањето по записникот од 32. средба.

– Нагласуваме, македонскиот тим низ својот проактивен пристап за градење на доверба, продолжува кон изнаоѓање на одржливи решенија, врз основа на взаемно почитување на сувереното право на другиот за различна перцепција кон минатото – се додава во соопштението.

Следната средба ќе се одржи во првата половина на декември во Софија.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци