Утрински Весник
Магазин

Овие работи никогаш не ги внесувајте на празен желудник – еве зошто

Zeludnik 750x422 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Она си што јадеш“ е поговорка која сите добро ја знаеме. Но, нутриционистите предупредуваат дека не само што е важно што јадеме, туку и кога го јадеме. Она што го внесуваме во организмот на празен желудник може сериозно да влијае на нашето здравје, особено на дигестивниот систем.

Не пијте кафе на празен желудник
Дури и бескофеинското кафе поттикнува лачење на желудочна киселина, што може да предизвика ждригање, болка или воспаление. Ако не можете да го избегнете утринското кафе, пијте го со малку млеко.

Избегнувајте алкохол без храна
Кога пиете алкохол на празен желудник, апсорпцијата во крвта е многу побрза, што го зголемува ризикот од оштетување на црниот дроб, срцето и бубрезите.

Не џвакајте гума за џвакање пред јадење
Џвакањето стимулира создавање на дигестивни киселини, а без храна во желудникот тие можат да го иритираат и да предизвикаат гастритис. Ако не можете без мастика, изберете онаа со природен засладувач.

Не одете на спиење гладни
Кога спиеме со празен стомак, ниското ниво на глукоза може да предизвика немирен сон и чувство на глад. Најдобар избор пред спиење се млечни производи – богати со калциум, кој помага за подобар одмор.

Не пијте сок од цитрон на празен желудник
Цитрусната киселина може да го иритира желудникот, особено кај луѓе со гастритис. Ако сакате свежо исцеден лимон, секогаш разредете го со вода.

Со внимателен избор на утрински навики, можете да го заштитите вашиот желудник и да го подобрите целокупното здравје. Почнете го денот мудро – вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Можете да прочитате

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели