Утрински Весник
Македонија

Во Охрид деновиве зачестиле измамите со лажни сообраќајки, полицијата со апел до граѓаните

Ohrid svr policija.jpg

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.

Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување И документирање на ваквите пријавени настани.

Можете да прочитате

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

Голем заплен на Деве Баир – полицијата пронајде 24 пакувања марихуана во камион

САД испраќаат јасна порака: Критичните минерали се национален интерес, Македонија сè уште нема нов рудник