Утрински Весник
Македонија

Во четири општини Владата ќе назначи повереници додека не се изберат нови градоначалници

Vlada.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата ќе именува повереници во оние општини каде што не беа избрани градоначалници на локалните избори, но само откако Државната изборна комисија (ДИК) официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави соодветна информација.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сè уште не се водени разговори со коалициските партнери за персоналните имиња на поверениците.

„Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа“, рече Мицкоски при увидот на градежните работи на проектот градски воз.

Премиерот го објасни и следниот чекор во однос на изборите.

„Потоа ДИК да го информира Собранието за да тоа во рок од 60 дена одржи нови избори во тие општини во коишто беа неуспешни. Тогаш веќе нема услов цензус, оној цензус за излезеност.“

Мицкоски очекува во текот на следната недела, по добивањето на известувањето од ДИК, да седнат со коалициските партнери и да ги предложат имињата на поверениците.

Повторени избори за градоначалници ќе има во следните општини: Гостивар Маврово и Ростуша Центар Жупа Врапчиште.

Причината за повторувањето е што не беше исполнет законскиот услов за излезност од една третина од вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје