Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на СДСМ:

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета.

Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал.

Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и на никој друг.

Со години се градеше поинаков систем што требаше да им помогне на земјоделците, да ја отвори вратата кон европските фондови и модерно земјоделство. Но за само година и пол под оваа власт на ДПМНЕ, сè е срушено!

Се потврдува оценката на Европската унија во својот најнов извештај: „нула напредок во борбата против корупцијата.”

Наместо да зборуваме за инвестиции, модерни фарми и извоз, денеска зборуваме за рекет, обележани пари и мито во фиоки.

Прашањето сега е што правиме со министерот Цветан Трипуновски?

Зошто молчи? Ќе има ли оставка од Трипуновски, ќе понесе ли одговорност?  Или ќе гледаме уште една фарса со смена на некој службеник, додека главните виновници остануваат недопирливи?

Дали ова е дел од поширок систем на злоупотреба на европски пари што треба да завршат кај земјоделците, а завршуваат во партиски џебови?

Колку други случаи на земање мито и корупција се прикриени во Агенцијата и Министерството?

Додека земјоделците чекаат исплати, парите од ИПАРД и субвенции завршуваат во рацете на партиски рекетари и за тоа мора да има одговорност од сите.

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово