Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Meteoalarm.mk 39.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен  ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ги штити двојните државјанства во Владата –за чии интереси работат нивните министри

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против македонско државјанство за функционерите, а „за“ нов долг од 260 милиони евра

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право