Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!

Vredi vlen.jpg
Dik 300x250 mk

Албанците не паднаа во замката на „референдумот” што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост.
Сега бараат виновници на сите страни, само не кај себе. А како врв на апсурдот се обидуваат Блерим Беџети да го прикажат како симбол на „промената”. Тоа е вистинското лице на ДУИ, партија која дури и во пораз не е способна да се соочи со реалноста.

Говорат за „анализа” и „реформа”, но ДУИ не може да се реформира, затоа што никогаш не ја разбра суштината на тој збор. За нив, власта никогаш не била средство за служба на народот, туку кислород за преживување. А сега, кога власта им се излизга од рацете, тонат во паника и самозалажување.

Додека тие тонеат во сопствената криза, ВЛЕН оди напред со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика што му служи на народот, а не на лични интереси.

Можете да прочитате

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита